Adidas најавија многу изненадувања за 2016та, како дел од нивната континуирана обнова на брендот. Ќе ги издвојам неколкуте на кои се радувам и со големо задоволство би ги сместила во мојот плакар.

Adidas originals ја лансираше својата ексклузивна плетена („Primeknit“) колекција.

 

Аdidas Stan Smith со кои си „легнуваме” со декади, се збогатени со три нови модела. Трите линии остануваат, но патиките сега се обвиени со превртена кожа во три бои: црвенa, сива и индиго.

 

Ако може да постои нешто подобро од Adidas Superstar, тоа се новите Adidas Superstar, кралски сини и винтиџ.

adidas-superstar-white-dark-royal-1 adidas-superstar-white-dark-royal-2

 

Adidas Ultra Boost, кои беа претставени на почетокот од изминатава година, за многу кратко време прераснаа во едни од најуспешните приказни на Adidas од последниве неколку години. После една година доминација во областа која се наоѓа некаде помеѓу патики за трчање и патики за секојдневно носење, со сигурност можеме да констатираме дека Ultra Boost е дел од класиката на Adidas, рамо до рамо со Stan Smiths и Superstars.

ultra-boost-cream-1

 

Еден од најочекуваните нови модели на Adidas за 2016 се Futurecraft 3D – перфектна симбиоза од стил, перформанс и нова технологија. Futurecraft 3D во себе содржи уникатена 3D испринтана гума која може да се прилагоди за сечие стопало.

detailed-look-at-adidas-futurecraft-3d-ceramic-customs-01 detailed-look-at-adidas-futurecraft-3d-ceramic-customs-03 detailed-look-at-adidas-futurecraft-3d-ceramic-customs-04

 

Аdidas Yeezy Boost 350 со сигурност беа најозборуваните патики за 2015, а по сè изгледа се кројат планови таа титула да ја понесе и во 2016та. Според Hypebeast, се очекуваат 6 нови бои на Yeezy Boost 350 кои ќе бидат пуштени во продажба во 2016.

adidas-yeezy-boost-350-tan_nzrl5u adidas-yeezy-boost-350-tan-2_nzrl65

 

Comments

comments