После долгогодишната неинвентивност и презентирањето на исти модели секоја година (читај: Stan Smith, Gazelle и Superstar), Adidas ги извади моделите како Ultra Boost, Tubular и одличниот NMD кој за многу кратко време успеа да се закити со титулата „култна патика”.

Со презентирањето и вадењето на моделот NMD кон крајот на 2015-та, Adidas успеа да ги засени сите конкуренти доминирајки во street style модата.

Mожностите за екпериментирање со силуетите и боите се неограничени, а тоа дефинитивно многу добро му е познато на тимот на Adidas. Доказ за таа нивна разноликост е презентацијата на многу варијации на основниот модел NMD преку моделите R1, R2, CS2, XR1 или C1. Исто така направија и неколку колаборации со различни брендови од каде излезе и лично омилениот NMD C1 Adidas x Porter кој е дел од колекцијата Adidas x Porter.

 

 

Покрај тоа што моделот изгледа многу добро, исто така е многу удобен и кај него искористени се и двете најнови технологии на Adidas, Primeknit и Ultraboost.

Моделот го има дизајнирано Nic Galway, ветеран во Adidas дизајн секторот. Првичната идеја била да се издизајнира нов модел кој ќе биде инспириран од богатата историја на брендот, и баш поради тој факт кај моделот NMD се забележуваат линии на Micro Pacer, Rising Star и Boston Super.

                             

Comments

comments