Aesop е австралиски бренд за козметика кој постои од 1987 и кој важи за еден од најубавите брендови во историјата.   

Aesop, кој ми требаше години скролање на Pinterest за да дознаам дека погрешно го изговарам, е бренд кој нуди неверојатна кохезија на квалитет на продукт, дизајн, комуникација и принципи. Целосно нетипично за бренд кој продава производи, особено козметика, Aesop упорно демонстрира приод кој укажува на вредност наспроти насилен обид за продажба.

Затоа ни е омилен, затоа се надеваме дека еден ден ќе можеме да си го приуштиме и затоа го избравме за прв пример во нашиот нов серијал на текстови. Ќе се обидеме да бидеме конзистентни, како што е Aesop, па еднаш месечно да ги издвојуваме дизајните од различен тип на кои не можеме да прекинеме да мислиме.

Покрај неверојатниот дизајн на производите, Aesop е можеби уште попознат по ентериерот на своите продавници низ светот, па дури и по новиот дизајн на вебсајтот. Секоја од Aesop продавниците изгледа различно и уникатно, а нејзиниот дизајн е прилагоден на духот и архитектурата на градот во кој се наоѓа.

Поголемиот дел од фотографиите подолу се дело на Will Anderson.

 

 

Comments

comments