Добиј две карти за After Work Festival: Friday the 13th во Скопје. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) со кого би сакал/а да одиш. Добитникот ќе биде одреден на 12.04.2018 (четврток).

Овој петок (13.04.2018), со почеток во 17.00 часот во просториите на Subway After work residence, ќе се одржи првиот драменбејс After Work Festival во Скопје.

Се работи за After Work Festival: Friday the 13th, кој е во организација на Bass Lab & Subway After work residence, а на кој ќе настапат Shy nee и MC Sensee (Infaderz crew) од Грција и Kesko, Tactical Number (Bass Lab) и Ogie од Скопје.

 

 

Сè на сè 8 часовно уживање – од drum and bass/jungle звуци, па сè до актуелните neurofunk и jump up траки проследени со оригиналните вокални способности на MC Sensee.

Инаку фестивалов е тематски, па фино би било да си понесете по некоја маска. За тие што ќе се потрудат околу маскирањето ќе има награди и изненадувања, а за тие што нема да имаат време да се маскираат ќе имаат face painting артисти кои ќе се погрижат сите гости да бидат соодветно маскирани.

 

Comments

comments