Извор: Сакам да кажам
Фотографија: The Happiness Effect

 

Македонската Агенција за филм подготови нова стратегија со која се напушта политиката на мегаломански проекти во кои по секоја цена треба да се нагласува историски или идентитетен атрибут. Единствена референца за нивната логистика ќе бидат квалитетни и современи сценарија и издржани и темелни продукциски планови.

Агенцијата смета дека младите автори мора да добиваат шанса, како и дека сѐ повеќе и кај нас, како што е на европскиот филмски пазар, ќе се стимулира и вреднува работата на женските автори во филмот.

Стратегијата за филмот, како што е наведено, наскоро ќе биде ефектуирана и „филмот ослободен од сите притисоци кои задушувале значајни идеи, ќе оди напред сѐ до создавање на препознатлива кинематографија која ќе се маркира во светот како квалитетна и за истата ќе биде зголемен интересот“.

„Со рационално користење на буџетот, кој е намален оваа година, се обидовме да дадеме шанса на дебитантите и се надеваме дека само креативната компетиција меѓу повеќе автори ќе даде квалитет“, изјавуваат од Агенцијата.

Тие информираат дека во изминатиов период беа комплетирани четири долгометражни играни филмови: „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, „Проект Хепинес“ во режија на Борјан Зафировски, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски и „Господ постои, се вика Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска.

 

Comments

comments