Фотографии: Александра Костадиновска

 

„Put your hands up Macedonia!“

Вчера викендот го заокруживме со феноменалниот концерт на Akua Naru и нејзиниот бенд, кои настапија на шестото издание на Прво па Женско во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Аkua Naru е светски позната музичарка, поетеса и активистка, која зад себе има два студиски албума. Нејзиниот најнов албум, „The Blackest Joy“, беше објавен во април оваа година.

Џез, поезија и хип-хоп, беа дел од двочасовниот перформанс, кои несебично и извадено од најдлабокото од себе, ни го понудија Akua и останатите членови на бендот. Оваа инспиративна жена успеа да нè разнежни, наежи и да нè крене до плафон во исто време.

Рецитирајќи, придружена со саксот, нè потсети колку е важно никогаш да не се откажеме од своето јас. A топлото во просторијата само придонесе атмосферата да е дополнително незаборавна.

Погледнете како си поминавме.

 

 

Comments

comments