Овој петок (15 март 2019) во Минус Еден за прв пат во Македонија ќе гостува Alex Ranerro, словенечки диџеј со интернационални настапи, досега придружуван од имиња како Valentino Kanzyani, Umek, и Aney F.

Неговото име е Саша и доаѓа од Словенија. Ова е негова прва посета на Скопје, што заслужува накратко да го претставиме. Се опишува себеси како смирен тип кој е заљубен во музиката и сѐ поврзано со неа, како фан на кошарка. Возбуден е да гостува во нашата држава, за што вели дека било на негова листа веќе некое време.

По повод неговиот настап му поставивме неколку прашања кои ни ги одговори со задоволство, а ние ги споделуваме со вас.

 

Како ќе го опишеш стилот на музика која ја пушташ, кој е жанрот во кој би се класифицирал?

За мене грувот е најважниот сегмент на музиката, врз кој се базира градењето на мојот сет. И покрај тоа што не сакам да се класифицирам во одреден жанр, би одговорил дека стилски би било некаде помеѓу дип/даб/тех и минимал хаус.

 

 

Колку години се занимаваш со диџеј-инг и која е опремата која ја преферираш за изведување?

Првиот мој настап го имав околу крајот на 2011-та година во мал бар во Идрија. Сè уште се сеќавам како да беше вчера! Почнав со пуштање музика на ЦД плеери, но после неколку години се префрлив на 2 контролера Traktor X1, со кои пуштав одреден период. Последните неколку години преферирам да пуштам на 2 CDJ-и, во комбинација со грамофони. Овој начин на пуштање е најдобар во моментот за мене.

 

Во каква состојба е електронската музичка сцена во Словенија моментално?

Мислам дека целокупно сцената во Словенија е на солидно ниво во моментот. Затоа пак клупската сцена малку пати, имаме неколку добри и нови фестивали како Od:vod и Butik Festival. Дефинитивно фалат повеќе ноќни клубови со фактот што единствениот андерграунд клуб во Љубљана е клубот К4.

Добро е што Амбасада Гавиоли не затвори, но сè уште не знаеме со сигурност што ќе се случи таму. Би рекол дека имаме многу повеќе квалитетни и талентирани диџеј-и и продуценти од клубови, па во иднина се надеваме дека и тоа ќе се промени и бројката на клубови ќе порасне.

 

Имаш ли некоја резиденција во Љубљана?

Моментално имам месечна резиденција во клубот К4 во Љубљана. Почнавме со нашите SOLVD настани пред околу три години и навистина сум горд што имавме шанса да угостиме артисти со добро реноме како: Andrey Pushkarev, Phil Weeks, Jack Wickham, Alex.Do, Kristijan Molnar, Nevena Jeremić, Julien Sandre, Sakro и многу други.

Пробуваме на нашите настани да направиме позитивна и топла атмосфера со добар вајб, и мислам дека досега ни успева во тоа.

 

 

Кажи ни нешто повеќе за твоите наредни изданија, дали имаш веќе потпишани?

Имам доста добри нови изданија кои треба да излезат периодов. Тукушто излезе моето соло издание на Bondage Music, кое се состои од 3 оригинални траки. Исто така имам соло издание за PIV Records, како и за Blind Vision Records. Ремикси за HouseOnWax и Hatch Recordings се исто така на распоредот.

Неколку други проекти за кои не можам да споделам сè уште детали се веќе спремни. Од горенаведените изданија, дел ќе излезат во дигитален формат, а останите ќе бидат издадени во винил форма.

 

Последно прашање од нас е каква опрема користиш за твојата продукција?

Студиото го делам со повеќе пријатели, со кои имаме доста добра комбинација на хардвер и софтвер. Вообичаено користам Yamaha HS80 студиски монитори и RME 400 звучна картица во комбинација со MacBook лаптоп.

Зависник сум од семплување, така што тоа ми е главниот извор за продукција. За правење на синтови користам софтверски додатоци како: Massive, Roland Cloud bundle, доста додатоци од Артуриа и други. Од страна на хардверски дел имаме Elektron RYTM и Digitakt, исто така и Moog sub 37 и Tempest од Dave Smith.

 

 

Comments

comments