За прв пат оваа година, светскиот сурф бренд O’Neill, организира филмски фестивал со филмови за сурфање. Компанијата покани неколку успешни режисери да бидат дел од фестивалот наречен Unreasonable и им даде задача да прикажат краток „сурф филм“ на нов начин.

Во овој филм, францускиот режисер Steven Briand работел со сурферката Malia Manuel, од тимот на O’Neill, со цел да прикаже една уникатна перспектива на еднодневна сурф-сесија во Западна Австралија. Steven користи дронови за поголемиот дел од видеото и го шета гледачот над и низ брановите.

 

Comments

comments