Во среда, 22 март со почеток во 20.00 часот, во Јавна соба свечено ќе биде отворена шестата по ред самостојна изложба на Ана Андроска. Влезот е слободен за сите посетители.

Изложбата наречена „Време и простор и минувачите таму” е нова серија на слики од масло помешано со восок на медиапан. Станува збор за големи формати на препознатливи, секојдневни ситуации од скопските улици, исцртани на вкупно девет медиапан табли со димензии 185 на 109 сантиметри.

Жарко Кујуџиски, ги опсервира делата од призма на гостин на овој свет, минувач во животот, во времето и во просторот. Тој изјавува дека:

„Нè има тука и таму, пред да нè снема. Но, сè додека постоиме, не смееме да стоиме. Нашиот живот треба да биде вечна потрага меѓу стварноста и фантазијата, меѓу постоењето и исчезнувањето. Само авантуристите што ќе тргнат на ова патување ќе го доживеат она исклучително задоволство на изненадувањето што се крие зад аголот, каде што најмалку сме го очекувале.”

Погледнете мала селекција од делата:

 

Comments

comments