Скратена верзија објавена во „ПОРТРЕТ“ (Октомври 2016)
Фотографии: Лилика Стрезоска

 

Во последниот број на Портрет, нашата веќе-редовна Reborn секција ја посветивме на трите диви на македонската електронска сцена.

Сериозни (какви што секогаш сме) го почитувавме редоследот што си го само-поставивме во написот оригинално објавен во Портрет. Не сакавме да ти дојде многу одеднаш, па како црно чоколадо за време на диета, ги дозиравме интервјуата по едно неделно.

Најпрвин ја објавивме долгата верзија од тоа со Mileskaya, продолживме со D.Lite, а оваа недела ја заокружуваме серијата со Ана Стаматоска, попозната како Ana Malo.

 

dsc_9967

 

Ако правиме подлабок почеток на интервјуто, пред 10тина години беше дел од скејтерското друштво во Скопје. Раскажи ни за таа љубов и дали сè уште возиш?

Скејтот ми е прва љубов која мислам дека засекогаш ќе трае. Многу често добивам желба и знам од време на време да излезам да повозам низ улици, последен пат возев во Амстердам во скејт паркот во маало, но како поминуваат години морам да признаам дека се повеќе и повеќе ми е страв, па сега планирам да си купам лонгборд, пред да скршам глава (се смее).

 

Пушташ музика од 18 години, почна со хип-хоп и се разви во таа насока благодарение на твојот ментор Гоце САФ. Ако имаш супер-моќи и плус еден куп пари кои 3 желби би му ги исполнила на Гоце како поклон?

Би го вратила Џордан на терен со Special Edition САФ Џорданки, а после тоа би го пратила ДЏ Премиер дома на врата да му ги донесе, заедно со цела негова винил колекција.

 

dsc_0022

 

ДЏ-ската приказна ја продолжуваш со техно. Што мислиш за техно сцената во Скопје? Има ли заедница меѓу ДЏ-ите, што би променила и дали мислиш дека со забавите на Win Music Freedom ќе се променат работите?

Скопската сцена постои доволно долго и во неа за среќа пред се владее почит кон музиката и професијата. Сеуште не можеме да се споредуваме со сцените во некои од Европските центри, но полека и сигурно работите се менуваат на подобро и мислам дека конечно сме на добар пат да го вратиме Скопје на мапата на Европски градови со квалитетна техно сцена. Win Music Freedom со своите забави се повеќе и повеќе придонесуваат за тоа, менувајќи ја перцепцијата на многу млади луѓе кои досега немале можност да доживеат настан од тој тип.

 

Имаше прилика да имаш една ДЏ-ска екскурзија во Амстердам на неколку месеци. Таму пушташе музика на Red Light Radio со сет и стриминг во живо. Што е различно кај публиката во Амстердам и Скопје? Дали Скопјани повеќе ги ценат журките, домашните и гостинските сетови бидејќи не се толку чести?

Не споредливо е пред се поради тоа што во тој град секојдневно слетуваат иљадници млади луѓе желни за забава. Космополитската атмосфера е сегмент кој ние сеуште не го поседуваме. Од друга страна нашите забави се многу по интимни и секоја журка си има посебна тежина и своја убавина. Кај нас гостинските сетови секогаш се ценеле повеќе и им се придавало поголемо значење од самиот факт дека пушта странски а не домашен ДЏ, па и возбудата е поголема, но приметувам дека е се поголем интересот на публиката да осознае и да се едуцира повеќе за домашните ДЏ-и, па со тоа расте и почитта а и енергијата на подиум кога вечерта е резервирана само за некој од домашната сцена.

 

Comments

comments