Ања Калин по професија е фотограф
Инстаграм: @anja.kalin
Фотографии: Елена Фиданска

 

 

 

1. Најубаво облечен лик од филм:

Некој што сè уште не сум го открила. Ретко гледам филмови.

 

2. Ако треба да носам еден ист аутфит до крајот на животот тоа би било:

„Смкнати” панталони, скејт патичиња, бела широка маица и часовник.

 

 

3. Омилено место за фоткање во Скопје ми е:

Секогаш некое новооткриено, неконвенционално местенце. Во Скопје повеќето места се како шаблон и убаво е чувството кога ќе најдеш нешто ново што супер ти се вклопува во фотката.

 

4. Никогаш нема да ги фрлам:

Широкиот спектар на уредно средени албуми од страна на дедо ми, од ‘60тите години па навака и ретро кошулите на мајка ми.

 

 

5. Последно парче облека кое го купив е:

Чорапи и маица од skatedeluxe.com

 

6. Секогаш со себе носам:

Позитива.

 

 

7. Деновите кога не знам што да облечам, облекувам:

Црнила искомбинирани со прстени, ланчиња – само рачна изработка. Како втора опција ми се кроевите со јаки и остри линии.

 

8. Се сеќавам кога:

Скопје го изгуби Soulmatik.

 

 

9. Дали спомнав дека сум:

Љубител на внатрешно уредување, архитектура, сукуленти и макарони.

 

10. Никогаш нема да облечам:

Материјал со светки, циркони и крзно.

 

 

11. Најдобриот совет кој сум го добила:

Остани дете во душата.

 

12. Кога се будам прво:

Добивам квалитетно скокање и лижење по фаца од Точка (нашиот мал пес).

 

 

Comments

comments