Искрено да поразговараме, ако може Трамп во белата куќа, зошто да не може вонземјани на земјата?  

Личи на мене да одам наоколу и да објаснувам зашто секој филм снимен после Dune (1984) одбивам да го наречам научна фантастика. Знам, претерувам. Треба секој филм снимен после The Fifth Element (1997) да одбивам да го наречам научна фантастика. Некако ме вреѓа целната група на овие новите. Научна фантастика требаше да биде и да остане нешто по што ќе се тресе специфична група на луѓе, група на која не можеш да и објаснуваш што е црна дупка на ниво и начин што и Кокер Шпаниел без педигре би го разбрал.

Од друга страна, премногу се нашминкани, премногу. Премногу се совршени и чисти. Каде е возбудата во тоа? Целата возбуда ја заборавивме кај ликовите како Steven Lisberger, кои за да снимат филм како TRON (1982) требало да трчаат наоколу со неонски светла и да си го масираат церебралниот кортекс додека не дојдат до генијално решение за тоа како ефектите да изгледаат на сет, исто како што изгледаат во нивната глава.

Види, не реков дака нешто од ова ќе држи вода. Плус не е само празен хејт, има поента, ќе видиш.

Зашто пред некое време морав да смислам начин за да уживам во филм снимен после 80-ите. Сакам кино сали, сакам чипсови со преливи од сирење во кино сали, и се додека немам моја сала – ќе треба да се навикнам да гледам филмови снимени во мојот животен век. Затоа, влегувам во темницата на салата со табула раса, во потрага по работите во филмот што ќе ми се свиѓаат, и во игнорирање на оние што ме иритираат. Почна да ми успева, и почнав да се чувствувам како подобар човек. Можеби треба да напишам self-help книга за хејтери?

 

tumblr_oc6p5ioenr1r2aobgo2_500

 

Последно што гледав на кино, ете можеш да видиш од насловот, е Arrival. И добар е! Го сакам! Искрено и најсериозно. И покрај тоа што објаснувањата на професорите низ филмот ме натераа да се чувствувам како да имам IQ на армадило и покрај целата таа проѕирна анти-Русија и анти-Кина пропаганда. А да, и дијалотог е многу слаб. Што се случува со Hollywood? Квалитетот на дијалот на сериите и филмовите е обратнопропорционален. Кај филмовите константно опаѓа, и тоа се приметува од скап филм во скап филм, додека истовремено кај сериите расте. Сепак, останувам цврсто и гласно на тоа дека филмот е добар и дека секој треба да го изгледа.

Целиот концепт за начинот на кој комуницираат вонземјаните (Abbott и Costello) е свеж, многу ми се допаѓа. Особено теоријата за тоа како начинот на размислување а поврзан и може да се спореди со начинот на пишување. И уште повеќе, со начинот на кој го доживуваме времето. Abbott и Costello не пишуваат линеарно како нас, а не го ни доживуваат времето линеарно, како што го доживуваме ние. Кружните црни флеки што вонземјаните ги користат за комуникација, а што ужасно ме потсеќаат на деновите кога Хамбова ми гледаше на кафе за време на голем одмор, се феноменални. Изгледаат прекрасно, а уште поважно – целата идеја е толку пријатна.

 

dyuqositrcidpdbedqwn

 

Приказната позади јазикот на Abbott и Costello (и целата нивна цивилизација, нели) ја раскажува продукцискиот дизајнер на филмот Patrice Vermette. Според него, за филмот барале нешто што ќе биде целосно непознато за луѓето, за нашата технологија, за човечкиот ум. За да дојде до тоа, Vermette разговарал со безброј дизајнери и лингвисти, но за жал сите разговори завршувале со фиктивни азбуки кои делувале преблиски до некои веќе добро познати системи (како на пример, тој на хиероглифите). На крај, прекрасниот јазикот кој се одлучија да го користат во филмот, уствари го смислила жена му на Vermette, уметницата Martine Bertrand.

Требаше случајна инспирација да биде јазикот на вонземјаните во Arrival, ама не можев да издржам, многу ми се свиѓаа имињата на Abbott и Costello. Можеби затоа што тоа беше единствената добра линија дијалог во филмот? А можеби зашто изгледаа толку грдо и слатко истовремено?

 

Comments

comments