Не се секирај, не те разочаруваме, не пропуштаме ни еден месец да смислиме на какви глупости да си ја потрошиш тешко заработената плата.

Минатиот месец имавме тема – „Јануарски детокс“, овој месец пристапуваме слободно и без никакви ограничувања, освен едно – внимавање на лимитот на нарачката, за да избегнеме плаќање на царина.

Главна фора во нарачувањето од ASOS е тоа што не плаќаш царина ако нарачката ти изнесува максимум 45 евра. Втор трик е дека shipping-от може да го избегнеш доколку нарачаш нешто во вредност над 30 евра.

 

Comments

comments