Пред отприлика една година направивме кратко интервју со водачот на македонските меланхолични панкери, Филип Тасевски (Fitz), во кое го прашавме за неговите идни музички планови.

Меѓу другото, во интервјуто Fitz ни навести дека работи на нови проекти, настрана од Новиот Почеток, со кои би требало наскоро да се запознаеме.

Вчера (25.12.2017) за прв пат се запознавме со еден од овие проекти, односно со бендот наречен Astrolungs и нивната воведна нумера, „Прав“. Заедно со песната објавен е и музички спот кој е снимен од Стефан Рајхл, а режиран и монтиран од Fitz.

Сè што знаеме засега е дека Astrolungs е 5-6 години стар проект, кој допрва ќе се реализира.

 

Comments

comments