Сликарски ателјеа. Отсекогаш сум била заљубена во овие мали, симпатични места преплавени со дух и кретаивност. Не би ми сметало да седам таму со денови или евентуално да се преселам во некое од нив.

Уште подобро е кога би имала едно такво свое, а како и сите добри работи што изгледаат едноставно, уствари воопшто не е. Магијата се случува само во моментот кога уметникот ќе ја преслика својата душа, а со тоа од ателјето ќе направи дом. Само тогаш една соба може да се нарече ателје – простор кој ќе овозможи развивање и потрага по инспирација. 

Подолу се неколку од моите омилени.

 

Поранешна штала во Нормандија, Франција

Штала која рускиот сликар Yuri Kuper ја претворил во прекрасно ателје. Изградена е во 15тиот век, а Yuri успешно ја реставрирал во еден од моите омилени домови.

as

012

013

 

„La Californie”, ателјето на Picasso во Кан

Вилата е изградена во 17тиот век, а во неа живееле Picasso и неговата сопруга Jacqueline Roque. Токму во неа Picasso ги создал некои од своите ремек-дела. Многу големи ликови поминале низ оваа куќа. Picasso ја напуштил вилата во 1961 година, кога убавиот поглед кон морето бил нарушен со никнувањето на брутална зграда.

aaa

bbb

c

 

Ателјето на Frida во Бразил

За жал ателјето на Frida повеќе не мириса на чадот од нејзината цигара во комбинација со мирис на свежа боја, но ателјето на бразилската сликарка Isabelle Tuchband во Сао Паоло е прекрасно и многу потсеќа на „La Casa Azul“ (ателјето на Frida).

kalloo

frida

kaloofrida

 

Ателјето на анонимен уметник во Париз

Сместено во срцето на Париз, на Rue Cherche Midi, ова ателје е вистински уметнички рај со високи плафони, огромни прозори и прекрасна градина.

43

41

4

 

Villa D’Alesia во Париз 

Всушност ова не е едно ателје, туку една цела улица со ателјеа. Се наоѓа во 14th Arrondissement, а во минатото било ателје во кое работел Matisse. Денес, просторот сè уште се користи како ателје под името Terre et Feu, каде можеш да учиш сликарство, вајарство, керамика. Кој не би сакал да посетува курс на местото каде сликал големиот Matisse?

51 52 53

 

Comments

comments