Приклучи се и поддржи ја кампањата тука

 

Група креативци ги здружија своите вештини со желба учењето да го направат позабавно за најмладите.

Овие ентузијасти од областа на музика, уметноста и анимацијата создаваат едукативни материјали за деца од предучилишна возраст. „Работиме со желба да им помогнеме на малите деца да дојдат до нови знаења преку музика, игра и креативност, а како одговор на недостатокот од ваков тип содржини на македонски јазик.“, велат тие.

Моментално работат на музичка сликовница на македонски насловена „Авантурите на Лисичко и Калинка“. Преку авантурите на Лисичко, Калинка и нивните пријателчиња, децата ќе имаат можност да научат основни животни лекции: од одржување на лична хигиена, преку броење и запознавање со различните карактеристики на годишните времиња, до тоа колку е важна социјализацијата со другарчињата итн.

 

 

Покрај визуелен и текстуален приказ, ќе следува и носач на звук (CD/USB), преку кој децата ќе имаат прилика да ги чујат песничките, да ги пеат заедно со дечињата чии гласови се позајмени за нашите ликови и што е најважно – ќе слушнат различни инструментални бои, ќе почувствуваат различни ритмички и мелодиски структури, кои секако се од клучно значење за нивниот понатамошен развој на слухот и моториката.

Со цел оваа убава идеја да се реализира, потребна им е поддршка за која започнаа crowdfunding кампања која е во тек. Доколку сакате да им помогнете, можете да го направите тоа овде.

Дел од песничките кои ќе бидат дел од сликовницата, можете да слушнете на нивниот YouTube канал.

 

Comments

comments