Пред отприлика 6 месеци Нена ја остави успешната ИТ кариера позади себе и го лансираше Bare Origins. На 16ти октомври во Јавна Соба, таа ќе ја промовира својата линија на природна нега на кожа. 

Тоа што ќе ти се свиѓа најмногу од приказната на Нена (покрај нејзината храбра одлука, нели) се нејзините патувања. Нена живее во Шведска веќе 10 години, и скоро целото време го троши” на патувања на локации по кои само се лигавиме и и завидуваме.

Денес, најчесто тоа се нејзините бизнис посети на Мароко, каде се среќава со производителите на арганово масло и вода од рози со кои моментално соработува. Зашто после многу години кружење на светот, Нена најде начин преку Bare Origin (нејзината линија на природна нега на кожа), да ги искомбинира омилените традиции и култури во едно шише со добра етикета. А листата за љубомора продолжува, зашто Нена догодина планира посета на Јордан и Исланд.

 

desert-trekking

 

Дефинитивно омилен дел ни се фотографиите од производителите од Мароко. Еден од нив е жена која води кооператива за производство на арганово масло, сместена во мало село близу до Essaouira. Другата е исто така жена која ја води кооперативата за производи од рози, која се наоѓа во село во Dades долината.

Сите производители со кои соработува се внимателно селектирани, така да бидат искрени и фокусирани на квалитет, но истовремено да работат со страст и за доброто на заедницата во која живеат. Пример, во кооперативата што произведува арганово масло работат 40 жени од селото, тие се фер платени што овозможува да бидат самостални, а кооперативата што работи на производи од рози е единствениот извор на средства на селото и тие пари ги инвестира во доктори и училишни професори.

 

argan-nuts

 

При секоја посета на Мароко, иако не го зборат истиот јазик, Нена поминува време со жените кои работат во кооперативите, им покажува фотографии од финалните производи и видеата кои ги споделува на социјалните мрежи, а тие се радуваат секој пат кога ќе се видат во некое од нив. Преку тоа таа отвора една нова перспектива за овие жени што ги проширува нивните видици и им помага да разберат дека нивната работа е вреднувана и важна.

Откако веќе падна” на приказната на Нена, време е да паднеш и на онаа за Bare Origin. Зашто идејата позади оваа линија е комплетно природни производи, прекрасен дизајн, и уште покул – целосна транспарентност на ланецот на изработка. Брендингот на Bare Origin е изработен од француска девојка што живее во Германија, тој е едноставен и чист, а секој продукт се разликува по бојата на етикетата.

 

 

bare-origin-studio-1

 

Производите сè уште не се продаваат во Македонија, иако планот е наскоро да почне нивна продажба тука. Во меѓу време можеш да ги видиш со свои очи и на своја кожа, за време на промотивната забава што ќе се одржи на 16ти октомври во Јавна Соба.

 

Comments

comments