Како голем (да не речам огромен) фан и љубител на кафето (а пред се еспресо), многу ми беше драго кога дознав дека е снимен документарец за луѓето кои го приготвуваат ова задоволство – баристите.

„Колку е убав цртежот на кафето, браво за дечкото/девојката позади шанкот”.

За да престанеме да ги нарекуваме – „девојката/дечкото позади шанкот”, овие луѓе имаат свој назив. Баристите полека но сигурно се изборија да бидат во ист кош со коктел-мајсторите (го запознавте скопскиот Speakeasy?) и готвачите-шефовите (сте слушнале за Missy Onion?). Сличностите се евидентни, но фокусот е различен.

Овој документарец ќе разјасни многу дилеми и нејаснотии околу тоа кој, како и на каков начин го приготвува напитокот кој те расонува. Документарецот на Goldwyn Films ги следи најдобрите 5 американски баристи и нивниот пат до Националното бариста првенство.

Документарецот е исполнет со тензија, возбуда и динамичност, со временски рокови во кои баристите треба да ја докажат својата креативност и иновативност. И најмалата грешка (на пр. 0,001 мл повеќе или помалку вода од потребното) може да биде фатална и да значи тотален неуспех.

 

Comments

comments