Жарко Башески е скулптор и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, кој работи со хиперреалистична скулптура.

Тоа што ги прави делата на Башески оригинални е неговиот специфичен пристап, кој од традиционалната скулптура се разликува во повеќе елементи: концептот, неговите современи гледишта на човечката состојба преку само набљудување, техничкото производство и употребата на нови материјали, филозофскиот аспект и се разбира – неговиот хиперреалистичен пристап.

Концептот на видеото, чија цел е промоција на новиот вебсајт на Башески, е на Кројан Бојан, како арт директор се појавува Илија Димкоски, директор на фотографија е Марио Петковски, а тетоважата во видеото е изработена од Даниел Кочоски.

 

Comments

comments