Сезоната на фестивали ја прогласувам за отворена.

Ако се лажеме, ќе изјавам дека моментално сум го достигнал она ниво на самосвест и рационалност, каде повеќе не сум заинтересиран, односно сум „стар” за фестивалски проводи.

Но, како што реков тоа е само една обична лага. Фестивалската треска ме дрма уште од почетокот на годината и едвај чекам добро да затопли за да почнат да никнуваат фестивалите како кокиче на пролет.

Новото „кокиче” во македонскиот фестивалски свет е Bass Madness Festival 2017, фестивалот кој своето деби ќе го има на 20.05.2017 во Капан Ан. Bass Madness Festival е продукт на новата фестивалска организација LDN Waves, посветена пред сè на промоција на домашната музичка сцена и тоа преку преку организација на различни настани, фестивали, работилници, дебати итн.

Оваа година на Bass Madness Festival 2017 ќе бидат презентирани десет ДЏ-и, кои во комбинација со квалитетен звук и добри визуелизации ќе се обидат да создадат фестивалска атмосфера со балкански шмек.

 

 

За време на фестивалот, на иста сцена ќе имате можност да ги слушнете/видите HyperTech, Darko Stepic, Bad Propaganda, Pessimal, Tecktone, D.Lite, Druggy, Kesko, Kronom и R.A.D.

Сега сè што ни преостанува е да се спремиме соодветно и да се појавиме во Капан Ан, полни со ентузијазам и желба за јака журка.

 

Comments

comments