Пред само неколку дена се појави ново освежување на македонската музичка сцена, наречено BDM.

BDM е нов македонски бенд, кој под закрила на Paragon Record Label, пред неколку дена го презентираше видеото за нивниот промо сингл, песната „Lee“, која е снимена во колаборација со пејачката Yova (Јова Радевска). Спотот е сниман на повеќе локации низ Скопје, Белград, Лондон и Детроит.

Песната „Lee“, веќе повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг сервиси, а воедно е достапна и на iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer и Shazam. Спотот е режиран од страна на Виктор Стоимиров, а во главната улога се појавува моделот, Елена Гугоска.

 

Comments

comments