Фотографии: Александра Костадиновска
Модел: Наташа Петровиќ
Коса и шминка: Ирена Сенокозлиоска

 

Првото издание на „Beach Film Festival“ ќе се одржи од 19 до 22 јули во Охрид и ќе биде исполнето со работилници за филм, проекции на актуелни нови филмови од регионот и музички перформанси од бендови, вклучувајки ги Rib, Палиндром, Sajsi MC и Фолтин.

Како дел од промотивниот материјал за фестивалот, тимот на „Beach Film Festival“ и нашата фотографка, Александра Костадиновска, изработија фотосесија на плажа Оревче, главната локација на активностите на фестивалот.

Ова е прв фестивал од овој вид во Македонија кој програмски ќе биде поделен  на три сегменти – филмска програма, едукативна програма и интермедијална програма. Филмската програма ќе опфаќа нови европски филмови (некои од филмовите кои ќе бидат прикажани всушност ќе ја имаат својата светска премиера), а ќе биде прикажана и селекција на детски филмови.

Деталната програма на фестивалот ќе биде објавена наскоро.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments