Видео: Clean Cut Production

 

По тој повод разговаравме со Ивана и Леонардо – дечките кои стојат позади проектот.

Битрикс танцовата лига е единствен танцов камп во Македонија кој за прв пат се случи пред 4 години, благодарение на тимот на Битрикс Кру (Beatrix Crew). Оваа година кампот ќе се одржи во периодот 11 до 20 ноември, а со неверојатниот број на работилници кои ќе бидат предводени од гости кореографи од целиот свет, има огромни шанси да биде и еден од најголемите танцови кампови на Балканот.

Во видеото погоре од разговорот со Ивана и Леонардо ќе дознаеш повеќе за потребата да се подигне нивото на танц во Македонија и за како тие се обидуваат да ги создадат потребните услови за тоа. Се разбира ни објаснија нешто повеќе за настанот кој ќе се случи овој ноември и ни најавија дека во склоп на него ќе се одржат новиот концепт „Beat Making Battle“, кој претставува натпревар помеѓу дуа од бит-мејкер и танчер, „All Styles Battle“ (1vs1 и 2vs2), натпреварот во фристајл танц, „Гала Вечер“ – завршниот настан на лигата, како и огромен број на забави кои ќе се одржат во рамки на кампот.

Тие исто така ни нагласија и дека за време на кампот ќе присуствуваат и неверојатни кореографи и инструктори од неколку земји во светот, односно: Franklin Yu (САД), Jun Quemado (Италија), Liza Riabinina (Украина), Adrien Rako (Швајцарија) и еден од најдобрите фристајлери во светот, UKAY (Германија).

 

Comments

comments