Голем дел од нашите родители сè уште се заглавени некаде таму во СФРЈ и тие „фамозни” 70ти и 80ти. Јас лично не сум ги доживеал и не ми значат баш нешто, но сум слушал муабети, сеќавања и дешавки кои за одредени луѓе се светост.

Прераскажувањата, конкретно за 80ите, беа од типот дека тоа било златната доба за рокот, панкот и едно безгрижно време, а додека пак имало и луѓе кои целосно го негирале тоа време велејќи дека ништо релевантно и квалитетно не се случило на полето на уметноста и културата.

Поделени ставови и мислења, но како и да е општата слика која сме ја добиле сумирана во пар реченици би била „абе деца, вие ништо не сте проживеале, 80ите беа златни години, каде немаше поделеност и сите бевме сложни и дејствуваме заеднички сплотено”. Секако да не заборавам, центарот на сите настани бил и сеуште е „Велики Велики град – Београд”.

Па за полесно да го разбереме тој „поубав од нашиот живот” подоле погледнете една галерија на ноќниот живот во Белград, преку објективот на Miladin Jelacic-Јеla, српски фотограф кој бил активен од 82-88 година, но и денес, за што вели во интервју за Vice Srbija:

„Тоа не беа златни, тоа беа сребрени години. Фотографирав и сè уште го правам тоа поради една причина – сакам да погледнам следниот ден што точно се случувало. Јас не гледам многу голема разлика помеѓу тогашниот и денешен ноќен живот. И тогаш и денес луѓето се убави и знаат добро да се забавуваат, со една разлика што јас денес сум многу постар.”

*Оваа галерија е превземена од Vice Serbia

belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-119-1449673316 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-193-1449673306 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-199-1449673313 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-222-1449673317 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-277-1449673318 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-286-1449673319 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-336-1449673307 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-336-1449673308 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-565-1449673305 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-587-1449673299 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-590-1449673300 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-726-1449673300 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-757-1449673303 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-805-1449673312 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-833-1449673302 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-871-1449673311 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-916-1449673314 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-920-1449673307 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-925-1449673315 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-962-1449673304 belgrade-1980s-photos-miladin-jelicic-876-body-image-1449673276-size_1000

 

Comments

comments