Продукција: Димитар x Мики x Александра

 

Нè знаеш нас, љубовџии.

Љубовџии што не пропуштаат прилика за караоке, како оние во филмовите на Sofia Coppola. А не само што не ја одбиваме секоја прилика за караоке-блам, туку очигледно и многу добро ја наметнуваме.

Пред неколку дена имавме закажано интервју со Васко и Тина од Bernays Propaganda. Интервјуто требаше да биде едноставно – размена на 5 брзи прашања, според нашиот веќе разработен концепт. Само неколку минути откако се најдовме и ги вклучивме камерите, не сме сигурни како дојде до тоа, тоа што требаше да биде интервју прерасна во љубовно караоке.

Откако ќе го ислушаш љубовното караоке на Васко и Тина, дојди на еден од нивните престојни два концерти во МКЦ, со кои Bernays Propaganda ќе ја одбележат десет годишнината од нивниот прв настап.

 

Comments

comments