ПМГ Колектив и Бернајс Пропаганда соработуваа во чест на култниот, македонски бенд Падот на Византија.

Минатата година ја одбележа компилацијата на преработки на легендарниот „darkwave“ бенд од 80тите – Падот на Византија (кој јас секогаш ќе го памтам како првиот бенд на Горан Трајкоски), насловен како „Од Другата Страна“. Голем број на актуелни македонски бендови меѓу кои и Мизар, Foolish Green, Mooger Fooger, и Millko направија свои преработки на песните на Падот на Византија. Пред само неколку дена беше објавена и преработката на песната „Почеток и Крај“ од ПМГ Колектив и Бернајс Пропаганда.

Падот на Византија

Падот на Византија

„Мислам дека беше тоа еден прекрасен инцидент во кој беа вклучени неколку клучни имиња на современата, македонска музичка сцена, но и достоен третман на Падот на Византија“ изјави Мирко Попов (ПМГ Колектив). „Сосем спонтано дојдовме до мало обединување во нашето студио „Шупа“, каде што за неколку денови заеднички ја склопивме оваа песна. Токму истата ја сработивме и како ПМГ Колектив, а за оваа прилика одново ја „измисливме“ и мислам дека доби убава, нова форма, малку подалеку од оригиналот, со некои нови значења и алузии кои проникнаа од нивното видување на приказната. Уживање е да се работи со талентирани и професионални луѓе како Бернајс.“

На прашањето за понатамошна соработка помеѓу двата бенда, Мирко изјави: „Немаме планови за повеќе песни, но никогаш не се знае, сешто може да биде долж нашата спонтаност.“

Подолу може да ја најдете оригиналната верзија на песната.

 

 

Comments

comments