Оваа среда, 13 јуни, со почеток во 20.00 часот, во Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе се отвори архитектонската изложба под наслов „Бесконечна соба“.

На изложбата ќе бидат претставени вкупно пет архитектонски проекти за објекти од јавен карактер пријавени на меѓународни конкурси објавени во Скопје, Варна и Загреб, а работени во периодот помеѓу 2013 и 2018 година. Оваа современа архитектонска поставка ќе ја симулира силната врска помеѓу архитектот и местото на создавање, актуeлизирајќи ги прашањата за неговата улога во општеството.

 

 

Појдовна точка при конципирањето на изложбата е собата како симбол на бесконечната творечката слобода. Собата претставува тежиште на креативна енергија на авторите и креативен вакуум низ кој се испреплетуваат петте проекти.

Проектите се работени од тимови составени од осум млади автори: Бранислава Ѓорѓевиќ Атанасовска, Елена Пазарџиевска, Нина Карангелеска Тодоровска, Марија Димитриевска, Силвија Шалева, Стефан Тодоровски, Биљана Смилеска и Никола Кунгуловски.

 

Comments

comments