Фотографии: Александра Костадиновска

 

Подобра здравствена заштита и благосостоја на вашето милениче, како и решавање на проблемот со кучиња скитници и неодговорни сопственици се причините поради која Агенцијата за Храна и Ветеринарство нуди бесплатно микрочипирање на домашните миленици.

За таа цел се склучени договори со речиси сите ветеринарни друштва во Македонија (вкупно 135 на број), па сопствениците на миленици може сами да одберат каде ќе однесат своето маче или куче. Овде можете да ја најдете и деталната Листа на ветеринарни друштва за бесплатно микрочипирање во цела Македонија.

 

 

Инаку, не се грижете, микрочипирањето е безболно, а материјалот на микрочипот на никаков начин не може да го иритира организмот на животните.

Чипот содржи информации за сопственикот на миленикот, расата на кучето, полот, за тоа дали е вакцинирано и кога е третирано со средство против паразити. Содржи и бројче преку кое ако миленичето случајно се изгуби, неговиот сопственик може веднаш да се лоцира, да се пронајде и да му се врати. Исто така, ветеринарната струка на овој начин, ќе има точен увид во бројот на животни.

Кампањата ќе трае до 31 март идната година, додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови.

 

Comments

comments