Проектот „Бетонско Скопје“ преку сет разгледници ја документира и приближува на јавноста пост-земјотресната скопска архитектура.

На секоја разгледница-сувенир ќе има фотографија, податоци за авторот на делото, година кога е создадено и неговата локација. Разгледниците се наменети пред сè за домашната публика, а потоа и за промоција пред меѓународната, која во светски рамки е сè повеќе заинтересирана за ова наследство.

Првично ќе бидат достапни две серии од по 15 разгледници (вкупно 30) со добро познати, но и недоволно афирмирани делчиња од скопскиот урбан пејсаж. Иницијатор и автор на проектот е Филип Конески, додека фотографиите се заедничка соработка меѓу Борис Јурмовски и Филип Конески (2017-2018 година), во име на МАРХ Македонска архитектура.

Повеќе информации за проектот има тука.

 

 

Comments

comments