Архитектонската фирма на неверојатниот Bjarke Ingels го објави својот дизајн проект за новиот Национален театар на Албанија во Тирана.

Театарот, кој ќе го замени постоечкиот, ќе нуди вкупно 3 аудиториуми, амфитеатар и јавен плоштад. Поставеноста на овие 5 простории се „виновни“ за невообичаената форма на театарот, која Bjarke ја опишува како „форма на лептир машна“.

Главниот аудиториум се наоѓа во центарот на машната, каде ги поврзува двете засебни структури, кои се поставени од неговите две страни. Плоштадот се протнува под центарот на зградата, веднаш под аудиториумот, и е одличен простор за одржување на јавни перформанси и настани, додека амфитеатарот пак, го зазема просторот на закосениот кров на зградата.

 

 

Посетителите ќе можат да влезат во зградата од двете нејзини страни, а откако ќе се најдат внатре ќе може да се искачат по двата сета скалила кои водат до главното фоаје, од каде ќе може да преминат или во главниот аудиториум или во двата помали простории за театарски изведби. Просторот на кровот на зградата и кафето исто така ќе бидат отворени за публиката.

Според Bjarke Ingels, нивниот дизајн за Национален театар на Албанија ќе му помогне на градот во неговите напори да ги направи своите јавни простори попријатни, попривлечни и неговите јавни институции потранспарентни.

За повеќе информации за проектот, прочитај го написот на Dezeen.

 

 

Comments

comments