Пред една година и некој ден, една млада и перспективна екипица од Битола (читај: Filthy Kids Production) беа дел од кампањата #ЗаГого и спукаа прејако видео.

Епа boys are back in the game. Овојпат на менито е поприлично ново уште појако видео, кое ја разработува графити културата во Битола. За да не биде дека тресеме зелени и си вадиме од ракав информации, се конслутиравме со Владич Бошковски, дел од екипата на Filthy Kids Production.

„Утринско кафе и позитивна енергија се само мал дел од кувањето на скечот. Во поглед на локацијата, истата беше веќе одбрана само го чекавме денот кога ќе пукни сонце за да го рокниме ѕидот.

 

 

Графити културата во Битола, морам да признаам, е поприлично активна последниве пет години. Дел од таа култура се и самовработените артистите None и Whazz Djazz кои редовно и прецизно оперираат по битолските ѕидови и се грижат за урбаната култура на градот. Инаку, за снимањето и монтажата на ова видео се погрижи, кој ако не Владичо.

Муабето за темата на графитот беше да закачиме некоја бомба али сепак се одлучивме за портретче, а шо да биди ако не некое пи*е со вклучување на различни форми во позадина.
Една од причините е то шо ф крај убај чупина ни заминаја од Битола па рекофме барем едно за стално да си имаме бушаво. Можи пак ке се најди нешто слично Јагода или Камарите ама не е то то..

Иначе сине од ко ни ја искршија фонтаната кај музејо искрено ништо не се дешава ама нема врска ова со графито.”

 

Comments

comments