Facebook настан

 

Од арт инсталации и модни шоуа до дегустација на храна и 3Д визуелизации. Следните 10 четвртоци, Neuland и Reborn ги резервираат за евенти, секој од нив со посебен концепт изработен во колаборација со локален креативец.

Ја отвораме новата сезона со најава на она на што работевме во текот на летото: 10 настани, кои ќе се одржат низ следните 10 недели, сите во Скопје, а повеќето во нашето омилено Дебар Маало.

Секој од овие евенти ќе има целосно различен, уникатен концепт, ќе се одржи на различна локација, ќе биде исполнет со музиката на различен диџеј, а просторот на локалот ќе биде „облечен“ во концепт изработен од секогаш различен локален уметник.

Првиот од овие настани е под наслов „Blooming“ и ќе се одржи овој четврток (23 август), во Синдикат со почеток во 21.00 часот. За музиката ќе биде задолжен BRUV, а концептот, за кој не можеме да откриеме повеќе информации во моментов, е изработен од уметникот Игор Таневски. Она едно нешто што може да го кажеме е дека нема да биде само визуелно доживување, туку ќе го предизвика и твоето сетило за мирис.

 

 

Игор Таневски има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2018 година, на отсек сликарство. Тој досега има учествувано во повеќе групни изложби, се има здобиено со повеќе награди и две години по ред беше куратор на собата за сликарство на Музеј Дебар Маало.

Следи нè внимателно наредниот период, кога пополека, еден по еден, ќе ги најавуваме деталите за престојните настани од серијалот.

 

Comments

comments