Еден од најдобрите BMX возачи, Tim Knoll не почасти со видео во кое го спојува возењето на BMX со паркур движењата, а сето тоа низ улиците на Берлин. Совршена комбинација. Секако дека е продукција на Red Bull 🙂

Американецот Tim Knoll е фристајл BMX возач кој ги поместува границите на овој спорт и ги поврзува можеби досега неспоивите спортски дисциплини, како гимнастиката (читај: паркур) и возењето на BMX.

Досега во животот се занимавал со гимнастика (од 7-13 годишна возраст) за од тој момент да почне сериозно да се занимава со возење BMX, а пропратно и со скокање во базени, паркур и скејт.

 

 

Comments

comments