Камера, ДЏ сет, неконвенционален простор и малкубројна публика позади ДЏ-от. Ова се најважните компоненти на Boiler Room. Кров на зграда, хотелско фоаје, приватни вили итн. се само дел од местата каде што се одржуваат Boiler Room журките и токму тоа ги прави уникатни.

Можеби кај нас многу малку знаат за овој вид на забава, но во светот секојдневно на различни локации се одржува по еден Boiler Room. Во досегашниот развој, овој вид на настап најмногу го користат ДЏ артистите, но сепак доживува експанзија и во другите жанрови.

 

Nina Kraviz – Boiler Room (Berlin)

 

Двете главни бази на Boiler Room се Берлин и Лондон. Берлин е градот каде уметноста и андерграунд фаците царуваат. Нивниот Boiler Room е поглобален и посветски за разлика од Boiler Room Лондон, кој е темелот на сите фенси и скапи забави каде свои сетови имаат најзвучните ДЏ артисти. Берлин е местото каде секој може да се промовира и да излезе на површината, а додека пак Лондон е местото за веќе докажаните ѕверки.

Која е идејата на Boiler Room

Главната идеја на Boiler Room е снимања во живо на настапите на познатите и сеуште неафирмирани ДЏ артисти и нивно прикажување на YouTube, така што нивниот настап би бил забележан од целиот свет. Најголемата своја промоција Boiler Room ја имаше преку склучувањето на договор со Google за отварање на канал на YouTube. Ова помогна на негово проширување од неговото родно место Лондон до алтернативниот Берлин.

„Секој треба да биде дел од Boiler Room затоа што нуди многу поголема слобода од настапите во живо или студиските снимања“, изјави Blaise Bellville, основач и извршен директор на Boiler room Лондон кој исто така напомена дека Boiler Room има суштинско значење за секој уметник во неговата промоција, без разлика дали тие имаат аспирации кон поп музиката, или сакаат да останат алтернативни артисти.

„Ние го креиравме овој простор во кој артистите би можеле слободно, без притисок од илјадниците фанови пред нив, да уживаат во својата работа“ – Blaise Bellville

Според мене на овие журки потребна им е поголема афирмација кај нас, поради фактот дека нудат нов вид на забава каде што ДЏ артистот е во директен контакт со публиката (што е невозможно во било кој друг вид на настап) и атмосферата е опуштена.

 

Jamie xx – Boiler Room (London)

 

Mash Radio + BTKRSH

До сега како единствени промотери и афирматори на вакви журки кај нас се Mash Radio и групацијата BTKRSH. Ние имавме среќа да поразговараме со еден од промотерите и основачите, Андреј Анчевски (Andreas Hz).

Дечково низ кафе-муабет ни ја објасни идејата околу Boiler Room и неговото влијание во музичкиот свет кај нас. Прво Mash Radio е оаза за „live streaming“ журки и тоа таму се дешава константно. А, додека пак настапите во живо се реализирани од страна на екипата на BTKRSH. Идејата и инспирацијата BTKRSH ја црпат од Boiler Room Берлин, што значи Скопје и BTKRSH го одбраа патот на уметнoста и промоција на нови уникатни журки и забави. Like.

Оваа екипа ја имаше честа да го донесе Michael Strangl, основачот и кураторот на Boiler Room Берлин и фестивалот Transmediale (најглавниот настан во годината во Берлин во поглед на електронската музика). Со тоа Скопје се доближи уште повеќе до берлинската филозофија.

Boiler Room Скопје?

Се шушка дека е можно да се дојде до соработка со Boiler Room Берлин во Скопје, и да се организира еден Boiler Room, но под услов негово главно обележје да биде македонската традиционална музика и етнос. Па луѓе може ќе се врти електронско оро на Boiler Room Скопје. 🙂

Местата ги имаме, публиката е тука, артистите се спремни, така што не знам што чекаме…

 

Chet Faker – Boiler Room (Melbourne)

 

Comments

comments