Летово, БОШ Фестивал полни десет години, а роденденот ќе го слави од 24 до 26 август во Гевгелија. Јубилејното издание ви нуди 3 дена исполнети со концерти, изложби, инсталации, работилници, перформанси и филмови.

Хајлајтери на музичката програма се Straight Jackin, кои годинава слават 25 години од формирање на бендот. Покрај нив, настапи ќе имаат и Д’Далтонс, Ana Threat, Iva&the toy Geogre, Moussaka, Мирко Попов настап со винили, DJ Jahvo и DJ Denny Trajkov.

 

 

Во визуелниот дел ќе има изложби на колективот Матријаршија од Р.С, Anna Ehrlemark, групна изложба „Фотокопирница на љубовта“ во продукција на Арт Еквилибриум, перформативно цртање на колективите АРТ Брут и Мултимедиа и инсталација на Игор Тошевски. Ќе биде прикажан филмот „Џган“ на Вардан Тозија, како и кратки филмови од македонски автори (Радован Петровиќ, Ана Јакимска, Марија Апчевска, Саша Станишич).

Во паузите од програмата ќе може да се плажирате на реката Сифулајка, и да полните батерии на BOSH Rechargeble.

Ретроспективата на претходните фестивали, низ БОШ факти, може да ја следите тука.

 

Comments

comments