Оваа сабота (21.10.2017) со почеток од 20 часот во Народен театар Гевгелија ќе се оддржи БОШ9 Проглас, последниот „крик” на БОШ 9, настан кој помалку зборува, а повеќе кажува.

БОШ9 Проглас е настан/манифест за посветеност, постојаност и континуираност на алтернативната уметничка продукција. Затоа викендов во Гевгелија ќе имаш можност да ги погледнеш следниве мини-настанчиња, како дел од БОШ9 Проглас:

Изложба на стрипот „Мистер Морген”

Се работи за презентација на последниот стрип на легендарниот плакат мајстор Игор Хофвбауер од Загреб за кој Нина Буњевац вели дека е „Чарлс Брнс на Балканот“. Овој мрачен и визионерски стрип инспириран од улиците на Нов Загреб е своевидна приказна за урбаните предградија на екс Југославија …. брут архитектура, бетон, мрачни сокаци и црни сенки.

„Мистер Морген” е стрип базиран на комбинација од класичен американски андерграунд стрип и филм ноар, поп арт, германски експресионизам и руски конструктивизам.

„Мистер Морген“ e постапокалиптична приказна составена од 13 дела кои настанале во изминатите 10 години, без вишок на зборови, линии, точки или празни букви. Се е во функција на суштината.

 

 

Изложба на стрипот „Плазма”

„Плазма” e стрип изработен на сито штампа во издание на La Dernier Cri од Марсеј кој не може да се прераскаже, ниту пак категоризира.

Луциден и визионерски го соголува човечкото тело не оставајќи простор за друга можност освен оваа овде и сега. Неверојатно оригиналниот Бернарда те води на едно поинакво патување низ естетиката. Гледајте подолго за да видите повеќе. Препрочитајте. И потоа сонувајте. Што не може на јаве, нека се случи во сон.

Бернарда Хилко дел од колективот Ново Доба, Крекхаус и Турбокомикс. Живее и работи во Белград/Загреб/Сплит/Париз.

Со концерти ќе настапат Неџо и Љупа.

Неџо со својот најнов проект Mammoth&Yashem
https://sharla.bandcamp.com/album/atom-ep

Љупа како Lepi Xhoni
https://lepixhoni.bandcamp.com/

А за самиот крај е оставен DJ сетот на DJ Jahvo од кого можете да очекувате гараж бит, синт панк, шлагери, беванду, р’н’б, егзотик, ска, и хип хоп.

 

Comments

comments