Чанти, торби или какви и да се другите називи за оваа „женска светост” е дефинитивно нешто без кое не може да си го замисли животот било која девојка или жена.

Јас лично не го разбирам тој фетиш и таа фама која се крева во женскиот свет, околу тоа каква ќе биде торбата или чантата во која вообичаено има уште 3-4 помали форми на торби, новчаници или слични на нив предмети. Но сепак не е мое да судам или да се мешам затоа што можам да бидам линчуван. 🙂

Епа драги пријателки од женскиот род имаме настан кој само дополнително ќе ги разбрани вашите емоции и чувства поврзано со горната тема.

На кратко се работи за пролетно освежување од EJSI & Aini design. Рачно сликани торби од колекцијата Botany кои се полни со боја.

990b8929-b5e3-4e64-9580-9616211ae6d3

682c4110-8e69-4768-b9a0-be4b8c4e589a

Пораката која сакаат да ја пренесат организаторите е следната:

„Понесете Магнолија. Ова дрвце со прекрасни цветови нека биде дел од вашата гардероба или изберете јасмин, плумбаго, романтично и свежо. Во оваа колекција преовладуваат виолетова и сината боја, како и зелената преку лисјата на филадендронот. Пролетта и летото се одлична можност да бидете похрабри и искомбинирате повеќе бои. Повелете во среда во Concept 37 и погледнете ги торбите кои произлегоа од соработката помеѓу Стевчо Наумоски и Ели Аин.”

 

Comments

comments