Да, филм. За жал, не е цела нова сезона. Но многу подобро отколку ништо, нели?

Креаторот на серијата, Vince Gilligan, изјави дека има спремно сценарио за нов филм, базиран на приказната на „Breaking Bad“, и дека од овој месец се очекува веќе да се започне снимањето во New Mexico. Работниот наслов на филмот е „Greenbriar“ и е предвидено да трае 2 часа.

Има големи шанси Vince Gilligan самиот да биде и режисер на „Greenbriar“, а покрај него засега се потврдени и оригиналните продуценти на серијата, Mark Johnson и Melissa Bernstein. Од старата постава на актери за сега има информација дека дефинитивно ќе се врати Aaron Paul (Jesse Pinkman).

Во однос на дејствието, Albuquerque Journal, кои први ја имаа информацијата за новиот филм, изјавија дека ќе ја обработи приказната за „бегството на киднапиран човек и неговата потрага по слобода“. А Slashfilm пред само два дена изјави дека киднапираниот е всушност Jesse Pinkman и дека дејствието се случува по завршувањето на серијата.

 

Comments

comments