Се одлучив во константната дебата за нивото на конзумеризам (кој според една моја теорија започна со Полок, но таа хејтерска приказна е за некоја друга прилика) во децата на милениумот, да додадам нова подточка: непостоечки или тн. убер-успешни филмски брендови.

Некомплицираното име ја олеснува потребата од пишувањето дополнителен параграф во кој ќе мора да се задржам на дефинирањето на поимот. Брендови.кои.постојат.само.во.филмови.

Следува листа на омилените:

 

1. Red Apple Cigarettes

Тимот на Reborn направи еден договор во кој се наведува дека потписниците се сложуваат во следните месец дена (во број на денови 31) да не го спомнуваат, пишуваат, рефернцираат Тарантино. Бунтовникот во мене се реши да го прекрши тој договор.

Red Apple цигарите се цигари кои се појавуваат во скоро сите филмови на Тарантино, и само таму.

 

2. Finder-Spyder

Знаеш, како кога во филм ќе се појави Mac и реагираш (некои тоа го прават и на глас) со изјава од типот на „пф, реклама” (а кога слично на тоа ќе се појави Microsoft никој не реагира – уште една тема за наредна прилика). Претпоставувам со цел избегнување на такви осуди, луѓето позади филмовите често го заменуваат Google со Finder-Spyder. Некои од местата во кои се има појавено до сега се Prison Break, Dexter, Breaking bad, CSI (забележуваш патерн тука?).

 

3. Big Kahuna Burger

Чувството на (што би рекле другарите американци – ребелион) беше многу возбудливо. Уште еден Тарантино-бренд. Бургерот од кој Samuel L. Jackson зема гриз на почетокот од Pulp Fiction? Тој е.

 

4. Morley Cigarettes

Не би го пишувало моето име горе под насловот на овој напис за филмови, доколку не се спомнат X-files. Morley патем, се појавуваат и во многу други филмови, но тоа е тотално неважно.

 

5. Acme Corporation

Во сите Looney Toons (не само оние со којотот и брзата птица-итрица) и во ред други серии и филмови се користат експлозивите на ACME. Шалата е на сметка на сите корпорации кои по појавата на Yellow Pages се нарекувале со имиња слични на ова со цел да се појават на повисоко место во книгата. Некои други места во кои се појавува ACME: Calvin and Hobbes, The Simpsons, Who Framed Roger Rabbit?, The Last Action Hero…

 

6. Телефонски броеви со 555-

Броевите од ваков тип секогаш ме тераат на помислата дека светот би бил многу поедноставно место за живеење кога бројот за полиција во секоја земја би бил 911. Мене секогаш ми треба околу 5 минути за да ми текне македонскиот. Како и да е, броевите кои започнуваат со 555- во филмовите се „воведени” за да се избегнат сите вртења на рандом (но постоечки броеви!) од страна на филмските фанови. Броевите 555- не постојат. Забележани се и во: The Ghostbusters, Close Encounters of the Third Kind, Memento…

 

 

Comments

comments