Фотографии: Александра Костадиновска

 

Во последно време, случајно или не, многу разговори и написи ни гравитираат околу темата „коктели“.

Brown Sugar е нов бар во Скопје, чиј фокус е припремата на коктели и кој ни се појави во животот во вистински момент. А чекорењето низ неговиот влез, кој поврзува два различни света – околина која навидум не ветува и срцето на локалот, од чиј ентериер ќе се воодушевиш, одлично го доловува ова наше постепено доближување кон светот на коктелите.

Сместено на ул. Метрополит Теодосиј Гологанов, спроти АМСМ, Brown Sugar е најновиот член на фамилијата Рустикана, во кој се служат само пијалоци. Неговото внимателно изработено мени е составено со помошта на коктел мајстор со долгогодишно интернационално искуство и нуди баланс на актуелни и класични коктели.

 

 

 

 

 

 

Покрај двете цели страни со листа на коктели, барот секако, нуди и избор од вообичаените пијалоци и кафе, кое го прави соодветно место и за оние малку мигови од денот кога сè уште не си спремен за алкохолен удар, а сакаш да уживаш во тишината и природата во дворот на кафулето.

Доколку и ти, како и нас, се наоѓаш себеси во период кога одново се запознаваш со светот на добрите коктели (кои не се водката замаскирана со 4 типа џус што ја пиеше како тинејџер), ова се нашите препораки за што да се напиеш викендов во Brown Sugar:

 

Mule: Водка или џин, сируп од ѓумбир, сок од лимета и сода

 

Skyfall: Џин, кардијал од бозел, сок од лимон, грозје и сок од јаболко

 

Hibiscus & Thyme: Водка или џин, кардијал од хибискус, кардијал од мајчина душица и сок од лимон

 

Comments

comments