На 6 октомври (петок) во дворот на ФЕИТ и Машински факултет во Скопје по 18-ти пат ќе се одржи бруцошка забава.

Познатата студентска забава, која е организирана од страна на студентскиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии, ќе започне во 20.00 часот. Студентите и другите посетители на забавата ќе може покрај во добро друштво да уживаат и во музиката на локалните групи Fiction и Љубојна, како и DJ Slave.

„Епа #ТОПСИ ако дојдеш на НАЈДОБРАТА и НАЈПОСЕТЕНАТА забава која се организира во чест на сите бруцоши и на сите кои го имаат бруцошкиот дух! Тимот на #БруцошкаНаФЕИТ Ве поканува и оваа година на „ТОПСИ Бруцошка забава на ФЕИТ!“

 

Comments

comments