Спонзорирано од Веро
Фотографии: Елена Фиданска
Готви: Димитар Попов

 

Не можеш да згрешиш со брускети.

Брускети се нашето омилено меѓу-јадење. Под меѓу-јадење подразбираме сè што совршено одговара во оние моменти кога не си доволно гладен за ручек, но не ти се пие вино на „суво“, или пак храна која ја служиш на гости, делува како да не си потрошил повеќе од 30 минути, а која е за неколку нијанси покул и поелегантна од смоки истурени во убав тањир.

Овој викенд за прв пат готвевме брускети со вишни и се едни од најдобрите кои досега сме ги направиле. Толку се вкусни, колку што се неверојатно лесни за спремање. Следи го нашиот едноставен рецепт и изненади ги и ти пријателите викендов.

 

Брускети со вишни и козјо сирење „Олимпус“
Време за подготовка: 10 минути
Служи: 3-4 особи

 

 

Потребни состојки:
  • Козјо сирење Олимпус (ексклузивно достапно во Веро)
  • 300гр замрзнати вишни (оставени да се одмрзнат отприлика 30-ина минути)
  • Вино Pinot Noir
  • 100гр ф’стаци
  • Мајчина душица и рузмарин
  • Багет леб
  • Путер

 

1. Припреми ја смесата од вишни

Во голема тава за пржење додади го путерот, одмрзнатите вишни, ф’стаците и неколку прсти мајчина душица и рузмарин. Пржи ги 4-5 минути на висока температура.

 

 

2. Додади вино и шеќер

На смесата од вишни додади половина чаша Pinot Noir и 1 супена лажица шеќер. Продолжи да ја пржиш смесата уште 1 минута. Тргни ја тавата од оган и дозволи да се олади неколку минути.

 

 

3. Припреми го лебот

Додека тавата со цреши се лади, исечи го багетот на парчиња.

 

 

4. Спреми ја кремата од козјо сирење

Искрши го козјото сирење на ситни парчиња и додади 2 супени лажици вода за да добиеш кремаста смеса.

 

 

5. Сервирај ги брускетите

Премачкај ги парчињата багет со кремата од козјо сирење и на секое парче одозгора додади од смесата со вишни. На крај декорирајте со уште малку ф’стаци.

 

Comments

comments