Бруталистичката архитектура од Југославија ќе биде изложена во Музејот на модерна уметност во Њујорк во периодот 15.07.2018 до 13.01.2019.

Тимот на MOMA во наредниов период ќе ја истражува бруталистичката архитектурата на поранешна Југославија преку проектот „Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980, што ќе биде прва поголема изложба на југословенскиот бруталистички архитектонски стил во Америка.

 

Визијата и нацртот на архитектот Јанко Константинов за Македонскиот Телеком во Скопје

 

Бруталистичката архитектура, која варирала од „обични и предвидливи” облакодери до фамозниот социо-комунистички брутализам, се чиста ескпресија на радикалниот плураризам, хибридност и идеализам кој бил присутен во Југославија. На изложбата ќе бидат презентирани дела на познати југословенски архитекти меѓу кои Bogdan Bogdanović, Juraj Neidhardt, Svetlana Kana Radević, Edvard Ravnikar, Vjenceslav Richter и Milica Šterić.

 

Сава Центар, Белград

 

MoMa ќе биде дом на преку 400 цртежи, модели, фотографии и видео материјали собрани од многубројни општински архиви, семејни колекции, музејски архиви, архитектонски проекти и нацрти на бројни познати екс-ју архитекти и проектанти.

Скулптуралната внатрешност на Белата Џамија во Босна, пост-земјотресната реконструкција на Скопје од страна на Кензо Танге, архитектурата во Нов Белград и уште мал милион други архитектонски објекти ќе бидат дел од изложбата.

 

Comments

comments