Фотографии: Марија Десподова и Ѓорѓи Десподов

 

Текстот подолу е ништо повеќе од логичен резултат на едно уметничко дуо, една братско-сестринска комбинација која сака патувања и кај која уметноста владее со атом.

Што повеќе останува во овие моменти од тоа да се одбере дестинација и да се понесе добар апарат?

Дозволи да ти ги презентираме уловените бои на сивата Будимпешта преку нивните објективи.

 

 

Еврејскиот дистрикт

Доколку прошетаме низ стариот Еврејски кварт ќе ги забележиме светлите уметнички ѕидови. Ова соседство познато по своите руинирани барови не било од секогаш со овој изглед. Рушевините и распаднатите објекти биле првичната слика за овој дел кој потоа доживува целосна трансформација добивајќи живост која се согледува во многубројните мурали кои навестуваат една нова епоха.

Тешко е да се пропуштат уметничките дела во овој дел на градот затоа што го поттикнуваат нашиот ум длабоко да навлезе во семиотикат и значењето на секоја поединечна претстава.

 

 

Лево е Canga, дело на NEOPAINT, а од десно е најновото дополнување на фестивалската постава, евокативна улична уметност, од шпанскиот уметник Dan Ferrer.

 

 

Уличната уметност (во сликата погоре) и оддава почит на една од омилените состојки на Унгарија, пиперката, и на едно од најдобрите јадења што може да се направат со неа – pörkölt (чорба). Која, патем, секогаш е повкусна кога е искомбинирана со добро вино. Овaa фреска користи апстрактен стил за да имитира хаотична кујна.

 

 

 

Telep Art Bar and Bistro

TELEP се наоѓа во близина на плоштадот Мадх Имре (Madách Imre). Ова место ги исполнува функциите на уметничка галерија и урбана средба во срцето на Будимпешта. Ги пречекува гостите со извонреден амбиент, збогатувајќи ги на три различни начини со трите спрата. Просторот е збогатен со разновидни уметнички изложби, работилници, филмски клубови и изведби. Основната цел на TELEP е да ги запознае гостите со најширокиот спектар на жанрови и стилови, а со цел да ја поттикне имагинацијата и да ги ослободи креативните енергии.

 

 

 

Ludwig Museum

Музејот на Лудвиг во Будимпешта е основан во 1989 година. Неговата колекција може да се подели во две поголеми групи. Првата е со уметнички дела од Америка и Северна Европа донација на основачите, а втората се дела кои се во збирката како резултат на собирањето кое започнало во 90-тите, а кое било фокусирано на уметноста на поранешните социјалистички земји.

Новопоставениот приказ на колекцијата прави обиди да ги презентира решителните точки, не само во добро организиран хронолошки поредок или стилски карактеристики, туку и да ги испита карактеристиките, согласките, разликите, како и уметнички-културните паралели помеѓу западната и источната уметност. Собирот овозможува да се покаже суштински паралелизам во рамките на животите на уметниците со посветен и критички пристап од западните и до источните земји.

 

 

 

За повеќе идеи за тоа како да не бидеш турист кога ќе ја посетиш Будимпешта, прочитај ја оваа статија.

 

Comments

comments