Секој сериозен натпревар има жири, нели? Имаме и ние во Burger Wars. Гласовите од публиката ќе допринесат со 60% кон финалната оцена на рестораните, а останатите 40% ќе дојде од четирите судии.

Вчера во Brown Sugar се случи оценувањето на четири-членото жири на Burger Wars. За време на евентот поддржан од Amstel на судиите Гоце САФ, Софка Камилоска, Бобан Симоновски и Моника Потер им беа сервирани 11-те бургери натпреварувачи, а нивна задача, како на секое жири, беше да ги оценат. Бургерите ги оценуваа според неколку критериуми: квалитет и вкус на лепчето на бургерот, месото, сосот, изгледот и на бургерот како целина.

Жирито го избравме така да сите судии ќе ја делат истата пасија за бургери, ќе бидат искусни, ќе разбираат што значи квалитетна храна, а секој од нив ќе има свој, карактеристичен пристап.

Ова се приказните на судиите и причината зошто тие гласаат за Најдобар бургер во Скопје.  
 

 
Гоце Саф

Во неколку прилики до сега сме изјавиле за некого дека „нема потреба од воведи и објаснувања“, ама сериозно, не познаваме една личност на која треба да и се објасни Гоце САФ. (Како доказ само што ја прашав мајка ми – го знае). Вистински “food aficionado”, прав burger-man познат по неговите неверојатни burger-parties. Не ни веруваш на нас? Верувај му на Action Bronson, кој летово јадеше пинџур и сарма во студиото на Гоце.  
 

 
Софка Камилоска

Софка е опасна и опасно кул. Љубовта спрема храна за прв пат и се појавува додека работи на брод, од Америка ја купува првата книга со 10000 ингридиентс, по што стручната литература и станува секојдневние. Започнала како менаџер на Тинекс ту го, а продолжува со Тинекс Деликатесен каде задача и била да ги запознае луѓето со новите продукти на пазарот. Сè до лани беше главен шеф на ресторанот Антигона, еден од ретките ресторани во земјава со интернационално фајн дајнинг мени. Оваа година му е целосно посветена на самостоен проект, за кој ќе повеќе ќе дознаете наскоро!
 
 

 
Бобан Симоновски

Бобан Симоновски има 15 години искуство како шеф, а во моментов работи во ресторан Equilibrium. Вистинска дефиниција за зборот „гурман“ кој како доказ има повеќе освоени мастер-шеф титули досега. Се има наптреварувано на огромен број на натпревари во готвење, во и надвор од Македонија. Никогаш не може да одлучи дали поголема љубов му е приготвувањето или јадењето на храна, а особено обожава бургери и добро приготвена свежа паста.
 
 

 
Моника Потер

Моника Ангелковска, попозната како Моника Потер, ја знаеш од Инстаграм, каде има повеќе од 15 илјади следбеници. Може слободно да се каже дека нема настан за храна или натпревар во Македонија во кој не е вклучена. Себеси се доживува најпрвин како гурман кој секогаш сака сè да проба, а потоа како фотограф и дипломиран економист. Вика дека во кујна не припаѓа, нејзиното место е меѓу дегустаторите.
 
 

Comments

comments