Видео: Butterfly Weddings

 

Многу од нас кои се на работ на 30-тите (или кои неодамна наполнија 30) можат да потврдат две работи: (1) неверојатното и прекрасно чувство на присуствувањето на свадба на многу близок пријател, и (2) ужасното искуство на гледањето на видеото од истата таа свадби.

Причината е едноставна – видеата од свадби се секогаш ужасни. Досадни продукти кои често и самите младоженци не можат да преживеат да ги изгледаат. И покрај тоа што сите медија формати константно се развиваат и унапредуваат, видеата од свадби, како формат (особено во Македонија), се немаат променето од моментот кога била произведена првата видео камера. А доколку се имаат променето, тоа е вообичаено на полошо – станати се уште покич и поклише.

Се сеќавам како дете кога ги гледав видеата од свадбите на пријателите на моите родители и како изгледаа неверојатно слично на видеата на моите другари денес. Секогаш е истото видео направено со неколку камери, кое прикажува 30тина ликови со збунети фаци како стојат околу младоженците во црква, елегантно проследени со неколку часови од кадри од оро.

Но што ако видеата од свадби не мора да бидат досадни? Во совршен свет, како би изгледале свадбените видеа во 2018?

Нашите пријатели во Загреб, кои се воедно видео тим и брачен пар, преземаа храбри чекори во обид да креираат свадбени видеа снимени во документарен и естетски пријатен стил. Марко и Антонија, познати како Butterfly Weddings, успеваат да направат видеа кои не само што не се досадни и лоши, туку изгледаат неверојатно добро. Нивните продукти се интимни, искрени и лични, и најважно од сè – лесни и пријатни за гледање, дури и за некој кој рандом налетал на нив на Vimeo.

 

 

Во конкретно ова видео, кое ја прикажува свадбата на Дарко и Ива во Мулјава, Хрватска, може да го видиме парот и нивните фамилии како се припремаат за цремонијата, го спремаат местото, одат во матично, итн. Прилично стандардни работи за едно свадбено видео, но сепак, кога се прикажани во документарен стил како овој, изгледаат далеку подобро и потопло од вообичаеното.

Има неколку битни моменти во видеото кои ми оставија најдлабок впечаток и кои се заслужни за се да изгледа толку оригинално. На пример, на 02:02 кога Ива и Дарко одат во матично и веднаш потоа му ги затвораат вратите на камерманот. Исто така, добар момент е кога на 06:57 сите чекорат накај местото каде младоженците „ќе си дадат збор“ и младоженецот се сопнува – ова е многу реален момент кој се одлучиле да го остават во финалната верзија од видеото. Или исто така, во 11:40 каде се одвива класична хипстерска сцена, во која додека иде „Playground Love“ од бендот Air, кумот во позадина чита поема која ја напишал за младоженците.

За повеќе информации околу документарните свадбени видеа на Марко и Антонија и доколку сакате и вие вакво видео, може да ги контактирате тука, а за да погледнете повеќе од видеата кои досега ги имаат направено, посетете го нивниот Vimeo профил.

 

Video: Butterfly Weddings

 

A lot of us that are on the brink of turning 30 (or recently turned 30) can attest to two things: (1) the exceptionally special and quite memorable ordeal of attending the weddings of our close friends and (2) the agonizing and dreadful experience of watching their wedding videos.

The reason for the latter is simple: wedding videos suck. They are awful products that oftentimes even the newly-weds themselves cannot survive watching. Despite the continuous progress and change in almost every media format, wedding videos, as a form (especially in Macedonia), have not changed one bit since the invention of the video camera. And if anything has changed, it’s changed for the worse – now the videos are even more cliche and kitsch.

I remember growing up and watching wedding videos of my parents’ friends. They looked awfully similar to the wedding videos of my own friends – an hour long ceremony of 20 to 30 bored people in church followed by few hours of chaotic folk dancing.

But what if wedding videos were updated? What could they look like in 2018?

Our friends, a husband-and-wife video team from Zagreb is taking brave steps to introduce something new and unique to wedding videos. Marko and Antonija (aka Butterfly Weddings) are creating documentary-style wedding videos that don’t suck. The videos are intimate, personal and genuine. And most importantly watchable… even to somebody randomly scrolling through Vimeo.

 

 

In this particular video, we are watching the wedding of Iva and Darko in Muljava – a hunting lodge in Croatia. We watch them and their families as they prepare for the event – they set up the space for the big party, go to get registered, etc. Pretty standard wedding stuff… yet, when it’s shot and documented in a particular manner it becomes truly heartwarming and special.

There are a few particular moments in the video that left the biggest impression and made the film unique and powerful for me. For example, at 02:02, when Iva and Darko are registering and they shut the door on the cameraman. Or at 06:57 when everyone is walking up a set of stairs and the groom trips – a very “real” moment that brilliantly made it in the final cut. Lastly, 11:40 where classic hipster scenes and Air’s “Playground Love” are mixed with the best man reading a poem he wrote for the new couple.

For more info about the documentary-style wedding videos of Marko and Antonija, you can contact them on their Facebook page or watch the rest of the videos on their Vimeo channel.

 

Comments

comments