Белград отсекогаш важел за најкул град на Балканот, додека сите останати градови се тепале за место на подиумот, како прва или втора придружничка.

Ова е сè уште вистина, Белград продолжува да биде кул, како и во приказните на нашите родители. Белград константно воведува нешто ново, твори и се модернизира. Последно нешто што ми „фати око“, е Kafic 75, новото фраерско кафуле сместено во центарот на градот.

Kafic 75 (Cafè 75) се наоѓа во самиот центар на Белград, во населбата Врачар, и е дело на локалното архитектонско студио Autori. Кафулето е сместено на една од најпрометните улици и е мета на голем број случајни минувачи и потенцијални гости.

 

 

Базата на ентериерот е бетон и е нашминката со пастелно-зелен под, кој генерира топлина и свежина низ бетонските ѕидови и комплетното опкружување. Внатрешноста е исполнета со шизички мебел од дабово дрво, кој во комбинација со рачно изработените светлечки композиции, совршено го „загасува” темниот и мрачен таван.

Посети го местово, на само 400 километри е од тебе.

 

Галерија

 

Comments

comments