Зоран Кардула по повод 8-ми март, интернационалниот ден на жената, го објавува својот проект наречен „Хероините од Југославија“.

„Хероините од Југославија“ е дизајнерски проект во поп-арт стил на Зоран Кардула инспириран од 91 жени-борци кои страствено се бореле за своите права против фашистите и окупаторите, од кои голем дел го дале и својот живот во име на слободата.

Инспирацијата позади овој проект влече корени од фрлањето во заборав на овие жени-херои после распадот на Југославија. А бидејќи моментално се наоѓаме во ситуација кога фашизмот, дискриминацијата и шовинизмот се повторно актуелни во модерното демократско општество, Зоран Кардула решава преку својот дизајнерски стил да ги доближи овие жени и нивното значење на помладата генерација. Како база и почетна инспирација тој ги користи уметничките дела на академскиот сликар и стрип цртач Zdenko Svircic (1924-2016).

Повеќе детали и целата галерија на дизајни може да ги погледнете тука.

Смрт за фашизмот, слобода на народот!

 

 

Comments

comments