Улогата на Принцезата Леа сосема фино се вклопи во сите машки ликови околу неа. Ако подобро размислиме, всушност нејзината улога (која ја глуми Carrie Fisher) всушност е главниот двигател на настаните, заради неа започнува да се одмотува клопчето во филмската приказна која стана култ, особено последното филмско доживување.

При портретирање на ликот, Carrie ја прашале што мисли, дали ќе може да ја игра Леа и дали тоа ќе ѝ помогне ако ја смета како една од темните сили на својот карактер? (Веројатно мислеле на нејзината болест „биполарно однесување“ – заб. на авторот)

Carrie им одговорила: „Леа не е вистински лик. Таа е само една карикатура и некако едно-димензионална. Воопшто не е возможно да направите листа на она што таа сака или не сака. Но, точно знам која е нејзината омилена боја, нели, тоа е белата. Таа е облечена во бело цело време. Но тоа не ми помага баш најдобро“.

Оттука сфаќате дека во таквите научно-фантастични приказни/филмски остварувања и не се баш потребни силни психологизации на ликови, туку еднодимензионални кои остваруваат одредена фунцкија во дискурсот, т.е. во уметничката приказна.

Ликовите се главна одредница во секоја приказна, без разлика дали се раскажани во книга или филм. Иако навистина зачудува фактот што се вљубуваме токму во такви: пластични, еднолинејни, недвосмислени ликови, еднодимензионално –бели, или црни (како во The Men in Black или The Matrix) сосема еднобојни при нивното портретирање.

За сите љубители на научна фантастика и сите оние кои ги сакаат Star Wars – The Force Awakens или ептен-љубов-ми-се сите ликови од  X-Men, ја одбравме единствената книга од жанрот научна фантастика од македонски автор кој може да ви дојде како вистинско освежување, токму од аспектот ЛИК.

„На работ од времето“ од Моника Трајковска е првата книга од трилогијата Наследството на Вероника која може да ја најдете во „Антолог“ на ул. „Ѓоргија Пулевски“ бр. 29 лок 1 или следете го линков.

 

 

Тоа е засега единствената книга што Ви ја препорачувам, од жанрот Science Fiction, каде што може да зборуваме за развој на лик, нешто многу повеќе од вообичаено еднодимензионалните кои ги среќаваме во научната фантастика. Ликот на Вероника е многу повеќе жив и реален, колку што не би требало да биде во ваков еден жанр:

„Постојат луѓе на кои им значиш повеќе отколку што мислиш“, рече тој со треперлив глас. „Вредиш повеќе од кој било човек на оваа планета и ова не го кажувам само затоа што имам силни чувства за тебе. Твоите гени можат да помогнат да се врати човештвото онаму каде што навистина припаѓа. Дијана го знаеше тоа и токму затоа го направи тоа што го направи. Но тоа не беше најважната причина. Ти допре и до неа, исто како што допре до сите нас. Со својата невиност и искреност донесе свежина во нашиот мал круг луѓе и нѐ потсети што точно значи да се биде човек. Покрај тебе, сите ние првпат се почувствувавме живо иако веќе долго време одиме меѓу живите…

Никогаш претходно не сум се чувствувала олку жива. Волшебно е. Пред мене се појави свет што е сосема поинаков од мојот. Сив, темен и студен свет. Ги обвив рацете околу своето тело со цел да го спречам студот да навлезе во мене”

Во мигот кога концептот ЛИК добива поголема улога и не е само ролја или актер во уметничкиот текст ја разбирате големината на текстот оти овде добива индивидуалност и капацитет на реален лик. И магијата на чудесните елементи навлегува во вашиот свет означувајќи го жанрот – фантастика. Прочитајте ја оваа книга во овие зимски денови и ќе видите дека „Леа“ овојпат станала „Вероника“, само во македонски услови на фантазирање.

 

Comments

comments