Иако грамофонот веќе некоја година не ми функционира, тоа не ме спречува упорно да купувам плочи (нешто во стилот на графитот: „Имам скирол не знам да го возам“). Од друга страна, најпродаван аудио-производ за време на новогодишните празници на Amazon беше грамофон. Ниту еден мој пријател не помисли дека ова е совршениот подарок за мене.

Иако продажбата на винил-плочи е во подем, можеби си од оние аудиофили и љубители на технологијата, кои сепак го преферираат bluetooth-звукот на дигиталната ера.

Италијанскиот бренд New Black го користи моментумот на најновиот тренд на грамофони за да понуди аудио-производ кој наликува на грамофон, но кој всушност не е ништо повеќе од прекрасен звучник кој изгледа како грамофон од 20 век. „Caruso” се поврзува со твојот телефон/таблет/компјутер/било што, преку bluetooth.

Дури и ако не се доживуваш себеси како иден колекционер на плочи, тоа не треба да те спречи да си само-поклониш еден од овие прекрасни квази-грамофони, чија примарна функција во домот ќе биде држач на вазни и рамки со фотографии.

Дознај повеќе на нивниот веб-сајт.

 

Галерија

Comments

comments